Груевски му се јави на Изетбеговиќ: Македонија ќе помогне на БиХ!

Премиерот Никола Груевски денеска телефонски разговарал со Бакир Изетбеговиќ, претседавач на претседателството на БиХ, во врска со страотните поплави. Соговорниците размениле мислења и информации околу потребите и можностите за поддршка и помош.

Груевски, како што информираат од владината прес служба, истакнал дека БиХ може да смета на Македонија во рамките на нашите можности и потенцирал дека покрај стокова поддршка како вода, храна, лекови и облека, Република Македонија ќе даде и финансиска поддршка за помош на настраданите.

Бакир Изетбеговиќ изразил благодарност за помошта која Република Македонија ја дава. 

19.05.2014 - 12:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега