Меси останува во Барселона

Иако во текот на денешниот ден шпанските медиуми пренесоа дека постои можност Лионел Меси да ја напушти Барселона, сепак тоа не се случи. Напротив, Аргентинецот ќе остане во Барселона до 2018 година.

Доцна попладнево Меси во присуство на неговиот татко и претседателот на клубот Хосеп Мариа Бартомеу потпиша нов четири годишен договор за кој според медиумите во Шпанија ќе заработува годишно по 20 милиони евра.

Во краткото соопштение на објавено на официјалната веб страница на клубот се вели дека „Барселона со задоволство може да соопшти дека Лео Меси попладнево стави потпис на подобрениот договор”

19.05.2014 - 21:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега