Владејачката партија го честиташе Националниот ден на Власите

      

    ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 мај - Националниот ден на Власите.

- Денешниот ден е многу значаен за Влашката заедница, бидејќи 23-ти мај претставува афирмација на нивната култура и традиција. Власите со својата трудољубивост, богата култура и општествено делување претставуваат нераскинлив дел од историјата на нашата држава. Тие имаат значаен придонес во градењето на единство, меѓучовечко разбирање и хармонија во нашето општество.

 

Нека ваквите празници бидат повод за заедничка заложба за благосостојбата и просперитет на нашата држава, велат од владејачката партија.

23.05.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега