Над 250 повредени во силниот земјотрес кој ја стресе и Макеодонија

Во силниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди крајбрежното подрачје на северот на Грција, а се почувствувал во Турција, Бугарија, Македонија и на југот на Србија, повредени се над 250 лица.

Службата за вонредни состојби во Турција соопшти дека 266 лица се повредени, повеќето во паника која уследила по потресот, во кој е оштетена и една болница. Најголемиот дел од повредените со повреди се здобиле додека панично бегале од своите домови.

Повредено е и едно лице на грчкиот остров Лимнос, кога на аеродромот се урнал дел од таванот, соопшти полицијата.

Грчкиот премиер Андонис Самарас е во постојан контакт со министерот за внатрешни работи на Грција Јанис Микелакис кој се упатил на местото на потресот.

Епицентарот на потресот, чија јачина изворно е проценета на 7,2 степени по Рихтер, а потоа намалена, се наоѓал на 77 километри југозападно од градот Александрополис, на брегот на Егејско Море, соопшти Американскиот геолошки завод.

Потресот се случил на длабочина од десет километри, околу 40 километри од границата со Турција.

25.05.2014 - 10:17
Фото: 
а1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега