Жерновски: Моја Роза е завршена приказна

Роза Топузова Каревска е завршена приказна за ЛДП. Лидерот на либералдемократите и градоначлник на општина Центар денеска уште еднаш го повтори ставот дека потегот на Каревска е политичко самоубиство. Тој потенцираше дека Каревска може да делува како сака во Собранието на Македонија, но дека таа нема да ги претставува интересите на ЛДП.
Жерновски рече дека неговата партија не искллучува членови, но дека нема да има проблем доколку Каревска сама си поднесе оставка во партијата.
Роза Топузова Каревска е единствениот опозициски пратнеик кој го прифати мандатото во македонското Собрание

30.05.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега