Го влечел по улица и го ограбил - скопјанец нема повеќе да краде

Дваесет и шестгодишниот скопјанец Ш.У.  доби кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка осум дена притвор поради соменавање дека извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Според податоците од полицијата, на улица “Кеј 13-ти Ноември“, откако од зад грб му се доближил на оштетениот,  го фатил за левата рака и почнал да го влече велејќи му да појде со него за да му изврши некаква проверка, на што оштетениот се обидел да се отргне. Меѓутоа, пријавениот во еден момент со употреба на физичка сила му го отргнал паричникот, кој оштетениот  го држел во десната рака и се дал во бегство. Но, при тоа од страна на случаен минувач бил сопрен и задржан се до доаѓањето на полициските службеници.

  Ш.У. е регистриран сторител на кривични дела  од областа на имотните деликти, кривични дела против половата слобода и половиот морал, како и кривични дела против јавниот ред, за што му се  поднесени 16 кривични пријави, а од надлежен суд му  биле  изречени  седум мерки “засилен надзор  од социјален орган“  и три затворски казни.

01.06.2014 - 12:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега