Нова Влада на 19 јуни - еве кои ќе бидат новите министри

Мандаторот за состав на новата Влада Никола Груевски до Собранието на Република Македонија денеска го достави предлогот за новиот состав и програмата. Седницата на Парламентот на која ќе се врши избор на новата Влада, согласно деловничките можности, ќе се одржи на 19 јуни, соопшти Кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

Вељаноски апелира и ги повикува пратениците од опозицијата да ги земат предвид интересите на Република Македонија и да се вратат во Собранието.

- Потврдувајќи ја определбата за доследно почитување на Уставот и на законите, и во оваа прилика, како и во претходните наврати, сосема искрено ги повикувам колегите пратеници од опозицијата да ги земат во предвид интересите на Република Македонија и да дојдат во Собранието.Сигурната европска и евро-атлантска иднина на Македонија е наша заедничка цел, обврска и предизвик, а токму Парламентот е местото каде тоа можеме со здружени сили најдобро да го направиме, сели претседателот на македонскиот Парламент.

Јасно изразената волја на граѓаните на последните избори, додава тој, освен што го одредила победникот, била одраз на силната демократска свест на сите наши граѓани, партиите, независно од бројот на освоените мандати, да делуваат единствено во демократските институции, чиј врв, како што истакнува, е Собранието на државата

Еве како ќе изгледа новта Влада.

 

Кликни за поголема верзија

08.06.2014 - 11:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа