СДСМ и Стевчо Јакимовски се фатија за гаќите

Тендер за набавка на спортски гаќици стана причина за вистинска војна на релација СДСМ - Стево Јакимовски. Поранешниот социјалдемократ беше напаѓан од советниците во општина Карпош од редовите на најголемата опозициска партија за спорна набавка по што Јакимовски, побара целиот случај да се расчисти пред судот.

СДСМ стандардно, прво обвинува, а потоа кога ќе дојде случајот пред суд се жали дека тужбите биле под секое достоинство. 

Таква беше и последната реакција од Бихаќка, лиферувана денеска. 

Од опозициската партија реагираат откако Јакимовски во тужбата до нивната советничка, извесна Магдалена Несторовска, навел дека обвинувањата од неа му го намалиле рејтингот што резултирало со помал број гласови освоени на последните избори. 

„Стевчо Јакимовски ја направи општина Карпош рекордер во долгови од околу неверојатни 9 милиони евра, поради што се доцни со плати и паушали, како и со  реализација на Програмата за развој на општината.“ - велат од СДСМ

12.06.2014 - 11:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега