Легендарните изјави на Калински и Панчев кои ќе ве насмеат до солзи

Коментаторското дуо Златко Калински - Дарко Панчев ги насмеа сите Македонци. Деновиве станаа хит на социјалните мрежи. Ова се само дел од нивните легендарни изјави...

- Може ние од Скопје да видиме, судијата не може од таму да види – Дарко Панчев

- Брз е ко Спиди Гонзалес, мексиканскиот глушец - Дарко Панчев

- Бразил, го нема тој плес шампионски – Дарко Панчев.

- Ќе го прашам Аце Русевски дали пред натпревар си удираат шлаканици - Дарко Панчев

- Јас не сум коментатор, далеку од тоа, јас сум чирак коментатор - Дарко Панчев

- Не можам со твојата поезија Златко, ти кидам капа - Дарко Панчев

- Најдобар лек за повреда, е мирување – Златко Калински

- Ако е точно дека си оттаму од кај што ти е сопругата, тогаш тој е струмичанец – Златко Калински

- Меси се обидува да почне, разиграно - Златко Калински

- Некогаш сонародници, денес прекрасни соседи - Златко Калински

- Јас ова го нарекувам полу-полуфаул, судијата може да свири фаул, а и не може – Дарко Панчев

- Ја не дека кујзнае колку се разбира, ама се разбирам - Дарко Панчев

- Натпреварот Шпанија-Холандија е од митски карактер – Златко Калински

- Неизвесен натпревар во кој победникот, ќе биде неизвесен - Златко Калински

- Може на друга планета се игра фудбал, а ние не знаеме – Дарко Панчев

- Не смеам да кажам ништо за навивачките, Маја ќе ми заклучи дома – Дарко Панчев

- Дождот ги покрива овие солзи измешани со пот на Шпанците – Златко Калински

- Ако не шутнеш, нема да дадеш гол – Дарко Панчев

- Децата во Колумбија собираат сликички, нашите учат за екстерно – Дарко Панчев

- Италијаните, клај, клај, ќе дојдат до врвот – Дарко Панчев

- Добро е да се шутира од далечина. Знаеш како викат Златко, една ќе влезе - Дарко Панчев

Извор: Република.мк

18.06.2014 - 12:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега