Недела на гордоста во Скопје - ѕирнете што ќе се случува

Од 20 до 29 јуни по втор пат во Скопје ќе се одржи Неделата на гордоста (Skopje Pride Week), која вклучува изложби, проекции на филмови, дебати, работилници, забави и дискусии. Настаните на Неделата на гордоста покриваат теми поврзани со правата на ЛГБТИ заедницата, родот и сексуалноста, феминизмот, сексуалното образование, правата на сексуалните работници и лицата кои живеат со ХИВ.

Во рамките на неделата на гордоста ќе се проектираат и филмовите „Врела крв“, „We were here“ и документарецот на Наташа Гелева „Што е парада?“. Централни настани на Неделата на гордоста се отварањето на изложбата „Јазик, идеологија и насилство“, јавната дебата „Pride: провокација или потреба“ и завршниот настан во Паркот на франкофонијата кој ќе вклучува архива на ЛГБТИ активизмот во Македонија. Целта на Неделата на гордоста е да ја зголеми видливоста на ЛГБТИ заедницата, да посочи на насилството и дискриминацијата и да алармира кон институциите на системот да превземат мерки кон нивно надминување.

 

19.06.2014 - 09:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега