Нов гаф на Бајден: Го помеша Макрон со починатиот француски претседател Митеран

Претседателот Џо Бајден во својот завчерашен говор во предизборната кампања, ги помеша сегашниот француски претседател Макрон со поранешниот Франсоа Митеран, кој почина во 1996 година.

Тој во Лас Вегас раскажувал анегдота кога ги побркал работите. Анегдотата била за состанокот на Г7 во Корнвол во 2021 година. Тој раскажа дека на состанокот рекол оти „Америка се врати“, што предизвика „реакција на Митеран од Германија“. Потоа се поправи: „Митеран од Германија… Мислам, од Франција…“.

Гафот бил корегиран на официјалната страна на Белата куќа, каде е пречкртано името на Митеран и ставено Макрон.

Бајден прави се повеќе гафови за време на говорите, до степен што го доби прекарот „машина за гафови“. Минатата година тој ја помеша војната во Украина со војната во Ирак, која заврши во 2011 година. Бајден еднаш го нарече британскиот премиер Риши Сунак „господине претседател“.

07.02.2024 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега