Нова измама: На скопјанец му ги земале парите, но не му донеле дрва

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 14:30 часот во Полициската станица Драчево, 81-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.500 денари.

Според пријавеното, на 12.01.2021 лицето дошло во неговиот двор во нас.Морани и му понудило огревни дрва на продажба, кои биле на главниот пат во товарно возило. Исто така, според пријавата, тој му ги дал парите на лицето и тоа заминало. Откако лицето не ги донело дрвата, пријавителот сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Ваквите измами станаа секојдневие во земјава и се почесто луѓето ги пријавуваат во полиција. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа