Нови детали за убиството на камерманката, проговори болничарката: Нешто чудно се случило пред Болдвин да пука во неа

Веста дека холивудскиот актер Алек Болдвин пукал во камерманката Халина Хачинс и ја убил и го ранил режисерот Џоел Соуза, го потресе светот, а сега проговорила и болничарката која прва им пришла и укажала помош.

Болничарката која работела на сетот на филмот „Rust“ во моментот на инцидентот, проговорила и открила чуден детаљ.

Имено, Халина не ни требало да биде на снимање тој ден, а сега болничарката открила дека нејасно е што всушност правела филмската екипа. Процедурата која постои и кога се снима и кога се вежба сцена, не била испочитувана.

Правилата налагаат во случај на каква било детонација јасно да се каже „fire in the hole“, што е неформален термин за најава за експлозија или пукање во затворен простор. Обврска на сетот е членовите на тимот да бидат информирани за секоја претстојна детонација.

Во моментот кога одекнал истрелот, медицинската сестра Шерлин Шејфер веднаш прашала:

„Ја почнавме ли пробата? Никој не кажа - fire in the hole“, а потоа сфатила дека работите тргнале наопаку и потрчала кон ранетата Халина.

Како што рекла болничарката, таа почнала со давање кислорот преку маска и ги проверувала виталните сигнали, бидејќи камерманката била погодена во стомакот. Шејфер им наредила на собраните да ја притиснат раната и да повикаат брза помош, пишува „The Independant“.

За жал, Хачинс е прогласена за мртва во болница, а на извештајот што го пополнила медицинската сестра, Шејфер напишала:

„Нешто е испукано од пиштол кој бил реквизит“.

26.10.2021 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега