Обработени над 90% од гласовите во Гази Баба - ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство

Државната изборна комисија преброја 92.92 отсто од гласовите во Гази Баба.

Според податоците објавени на официјалната веб страна на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски освои најголем број од гласовите, односно 16.598 гласови.

Тоа е за  8.379 гласа повеќе од кандидатот на СДСМ Борис Георгиевски, кој освои 8.219 гласа.

Останатите кандидати имаат по нешто повече од 1 отсто од гласовите.

18.10.2021 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега