Од почетокот на годинава 123 луѓе ја загубија битката со Ковид-19

 

За само половина месец 123 луѓе ја загубија битката со коронавирусот. Според податоците кои ги објавува Министерството за здравство, најголем број на починати се бележи на 4-ти јануари, вкупно 15.

Најмалку пак, само двајца починати се регистрирани два дена подоцна, на 6-ти јануари.

Министерството за здравство денеска соопшти дека и шест месечно бебе со вродена амолија е регистрирано во статистиката бидејќи кај него било детектиран вирусот Ковид-19.

-Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија.  По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 03.01.2022 доаѓа до дополнително влошување на општата состојба, велат од Здравство.

Министерството уверува дека лекарите на Клиниката презеле сите мерки за интензивно лекување и  реанимација,  но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално. 

 
14.01.2022 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега