Опра ќе ја има најбараната гостинка: Бритни откри детали, што сè трпела додека била под старателство

]

Пејачката Бритни Спирс сними видео кое го објави на друштвените мрежи во кое раскажува што сè може да прави сега кога старателството завршило. Таа напомена дека и е срам да зборува воопшто јавно за тоа.

Најави и дека ќе има големо интервју кај Опра Винфри, во кое ќе му открие на светот какви работи сè трпела додека била под старателство.

– Многу ми е непријатно да признаам дека никогаш не сум видела готовина или не сум возела автомобил. Се будам секој ден и прашувам како моето семејство можеше да ми го направи сето ова, напиша таа со искреното видео објавено на Инстаграм.

– Јас сум под старателство 13 години и тоа е многу долг период кога сте во ситуација во која не сакате да сте. Искрено сум благодарна за секој ден и среќна сум со мали нешта како поседување клучеви од автомобил или купување свеќи. Тие мали нешта прават огромна разлика за нас жените.

Бритни истакна дека не доаѓа за да биде жртва, бидејќи со жртви живеела цело свое детство и дека поради тоа си отишла од дома и почнала да работи од своите 20 години.

– Тука сум да бидам застапник на лицата со вистински инвалидитет и реални болести, не можам ни да замислам што им прави законот на тие луѓе. Се надевам дека мојата приказна ќе влијае и ќе направи некои измени во коруптивниот закон, заклучи таа.

Таа им се заблагодари на фановите кои ја поддржаа преку движењето #freebritney.

22.11.2021 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега