Општина Аеродром избриша две градежни маркици – ќе се прави голем парк
Советот на општина Аеродром избришал две градежни маркици во Реонски Центар и на ова место ќе се гради голем парк. Информацијата вечерва ја соопшти градоначалникот Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи, велејќи дека Аеродром е прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови.
- Денеска на моја иницијатива до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда. Среќен сум што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните. На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5000м2 со монтесори содржини, напиша Муцунски на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа