Османи: Тоа што се залагам за Македонците нека стави белег на подобрување на македонско-албанските односи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната седница на собраниската комисија за надворешна политика која ја водеше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, потврди дека единствената причина поради која Бугарија го блокирала македонскиот Договор со Фронтекс, бил македонскиот јазик.

На пратеничко прашање, шефот на македонската дипломатија рече дека единствениот мотив за неговото назначување на поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник во Бугарија е тоа што тој не може на дневна основа да ја насочува енергијата кон спорот.

- Во првите 100 дена од новата Влада мислевме дека ќе го надминеме прашањето, но не можам целиот мандат да го поминам кон едно прашање. Владо Бучковски за специјален претставник беше моја идеја во координација со премиерот. Ова ќе ги надмине 100 дена проектирани за надминување на ова прашање. Јас бев тој го промовираше и очекувам дека Бучковски на дневна основа ќе го координира акциониот план, рече Османи од собраниската говорница.

Тој додаде дека се уште со Бугарија се разменуваат идеи, но нема да се прифатат преговори за идентитетските атрибути на македонскиот народ.

- Тоа што се залагам за Македонците нека стави белег на подобрување на македонско-албанските односи. Секогаш кога било тешко ние сите сме биле заедно, додаде министерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2020 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега