Папајоану: Нашето барање е веднаш да започнат пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ

Нашето цврсто барање е веднаш за започнат пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, рече портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите и уште еднаш ја повтори континуираната поддршка на Грција за ЕУ перспективата на нашата земја.

Папајоану, паралелно,  одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА, коментираше дека бил успешен работниот појадок во Брисел минатата седмица, организиран од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на кој беше поканет министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи.

Објасни дека стануваше збор за неформален работен појадок на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, со учество на голем број министри, многу повеќе од вообичаеното за вакви средби.

-Постеше масовно учество на министрите за надворешни работи, ако не грешам беа 17 или 18 министри за надворешни работи од Европската Унија од вкупно 27, а обично на такви неформални работни појадоци прашање е дали учествуваат седум- осум. Па така, ова беше успех, а присутни беа министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Италија, како и високиот претставник  Борел и надлежниот комесар Вархеји. Ова е едно, а другото е, како што истакна министерот за надворешни работи, поддршката за европската перспектива на Северна Македонија и секако, како што имаме многупати кажано, нашето цврсто барање за веднаш за започнат пристапните преговори, истакна портпаролот на грчкото МНР

30.03.2022 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега