Пендаровски: Да го заокружиме бројот 1 на 24. април

„Наместо извинување тие сега предлагаат амнестија. Дали ви се верува? Луѓе кои влегле да тепаат други пратеници, треба да бидат амнестирани и да бидат наречени уставобранители. Како да не се сменило ништо 10-15 години наназад. И тие луѓе претендираат за највисоките функции во државата. Јас мислам дека разликата меѓу нас и нив е огромна, како црно и бело и небо и земја. И дека вие многу добро ќе знаете на 24ти кој број треба да го заокружите. Тоа е бројот 1 кој заедно со сите вас, гарантира дека Македонија ќе продолжи по овој пат, нема да се враќа назад,“ рече Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Делчево.

Тој за првиот изборен круг истакна дека станува збор за многу важен изборен круг. И повика на масовна мобилизација, за бројот 1, тогаш од резултатите од првиот круг многу лесно ќе може да се процени кој ќе ги добие двата избора.

„Затоа сите вие овде и оние кои се мислат, имате пред себе прилично јасен избор, или Македонија ќе оди назад каде што бевме, а сите на своја кожа ја оставме таа диктатура на режимот, или ќе одиме напред каде што почнавме да одиме, со сигурни чекори во вистинската насока. На 24ти да излеземе и да ја покажеме јасната волја на македонскиот народ, дека немаме намера да го повторуваме тоа прилично тмурно и негативно историско искуство од режимот кој 11 години ја блокираше државата и го малтретираше сопствениот народ,“ порача Пендаровски.

09.04.2024 - 22:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега