Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на денешната собраниска седница наменета за поставување на пратенички прашања кажа дека треба да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП.

„Министерката за труд и социјална политика вчера стоеше позади премиерот и не кажа ништо, а очекуваме да каже што е со околу 500 илјади граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија и дали сте се запрашале како тие луѓе живеат со 100 денари дневно.“, кажа Пешевска.

Пешевска посочи на тоа дали воопшто се има чувство кон граѓаните во оваа држава бидејќи секојдневно цените во маркетите растат, лебот, млекото, месото. 

„Сиромаштијата не покоси сите и јадењето на месо веќе станува луксуз освен за Владата на Република Македонија. Знаете ли што значи енергетска сиромаштија? Енергетски сиромашен граѓанин, е граѓанин кој не може да плати трошоци за енергетски услуги како што се греење, осветлување, користење на електрични апарати или затоплување во домот“, потенцираше Пешевска.

Пешевска кажа дека не само од ВМРО-ДПМНЕ, туку и корисниците на додатокот за минимална помош бараат да се зголеми додатокот.

„Дали во иднина планирате да се покачи овој додаток за гарантирана минимална помош?“, праша Пешевска.

29.09.2022 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа