Петров: Ситуацијата во земјава не е погодна за избори, Владата има солидна поддршка

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров вели дека овој период сега не е погоден за избори. Тој во гостувањето на „Утринска на Телма“ рече дека државата се соочува со бројни проблеми, а изборите нема да ги решат.

-Владата ќе ја поддржат од сите партии во коалицијата, 64 пратеници, што е солдина поддршка,вели Петров.

Рече дека досега сме имале влади кои функционирале и со минимално мнозинство и додаде дека предлогот за гласање за новата влада ќе биде доставен до Собранието наредната недела.

-Не можам да зборувам за кадровските решенија, но она што знам е дека се прави напор да се вклучат квалитетни луѓе од СДСМ и да се покаже капацитет пред граѓаните, кажа Петров и додаде дека тој уште при првиот разговор со Ковачевски за неговиот ангажам истакнал дека тоа не подразбира и влез во Владата.

Како што кажа Петров, Ковачевски разговара со сите членови на партијата и работи да ги интегрира сите, без разлика на различните ставови по одредени прашања.

-Од негова страна има волја и енергија, но тоа не е еднонасочна улица, треба да се смета и на мислењето и на тие од другата страна. Сепак, кај него гледам желба да ги вклучи сите, кажа Петров.

04.01.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега