Почина познатиот актер Пол Рубенс

Познатиот американски актер Пол Рубенс, почина на 70-годишна возраст по битка со тешка болест.

Како што пренесуваат светските медиуми, Рубенс, кого светот го познаваше како одличен комичар, писател и продуцент, починал во неделата.

„Синоќа се простивме од Пол Рубенс, легендарниот американски актер, комичар, писател и продуцент, чиј сакан лик Пи-ви Херман воодушеви генерации деца и возрасни со неговата позитивност, каприциозност и верба во важноста на добрината“, се вели во изјава на неговиот официјален Инстаграм профил.

Наводно, Пол со години се бори со тешка болест, далеку од очите на јавноста.

31.07.2023 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега