Почина познатиот грчкиот композитор

 

Вангелис, грчкиот композитор најпознат по музиката за филмот „Огнени автомобили“, почина на 79-годишна возраст, јави денеска Атинската новинска агенција.

Повикувајќи се на изјава од канцеларијата на неговиот адвокат, АНА објави дека Вангелис починал во вторникот доцна вечерта, без да ја наведе причината за смртта, пренесе „Ројтерс“.

Евангелос Одисеј Папатанасиј, познат како Вангелис, е роден во Волос на 29 март 1943 година и е еден од најпознатите и најзначајни грчки композитори на сите времиња.

19.05.2022 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега