Повеќе делови од Скопје денеска без вода
Без вода денеска од 9:30 часот се корисниците од кракот 20 на улицата „Борис Трајковски“ во Усје во Општина Кисела Вода, како и делови од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Капиштец во Општина Центар.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека причини за прекинот во водоснабдувањето се дефекти на Ф100 милиметри на улицата „Борис Трајковски“, како и на улицата „Народен Фронт“ број 3.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин се до санирање на дефектите.
27.12.2021 - 10:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа