Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Како резултат на притисокот, собранието го повлече предлогот за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика

Како резултат на притисокот од стана на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на македонската јавност денес на 61-та седница на Собранието на Република Македонија беше повлечен предлогот за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија. Станува збор за скандалозниот избор на кадар од редовите на ДУИ кој што иако не ги исполнуваше условите беше предлог за член на Регулаторната комисија за енергетика, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Предложенената, Мерита Дема не го исполуваше условот пропишан со Законот за енергетика кој вели дека за член на РКЕ се избира државјанин на Република Македонија кој во последните 15 години пред именувањето има најмалку 10 години работно искуство во енергетиката односно во обезбедувањето на водни услуги. Време е Власта предводена од СДСМ и ДУИ да престане да предложува партиски кадри кои што ниту исполнуваат законски услови, ниту се стручни во областите во кои се предложени. На Република Македонија и нејзините институции им требаат непартиски луѓе, експерти во своите области кои што ќе работат за интересите на граѓаните и државата, а не за партиските штабови на партиите од власта. Како пратеници, во иднина ќе продолжиме да се бориме и спротиставуваме на секој можен начин да запре оваа партизација што ја врши власта и конечно стручни и порфесионални кадри да бидат избрани на позиции на кои што ќе работат стручно, одговорно и посветено, велат од партијата.

24.03.2022 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега