Прегазено 5-годишно дете во Скопје

Петгодишно дете во Скопје било прегазено вчера и со тешки телесни повреди било пренесено во Градската општа болница.

-Вчера во 15.00 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Митевски“, патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(38) од Скопје, удрило во петгодишен пешак од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега