Пукотници пред Пентагон: Убиен полицаец

Полицаец задолжен за обезбедување на Пентагон е убиен пред објектот во американската сојузна држава Вирџинија, соопшти сентарото Марк Варнер.

Вудро Кусе, шеф на Агенцијата за заштита на Пентагон изјави дека има неколкумина ранети во размена на оган на автобуска постојка, но одби да каже дали некој од нив загинал.

Кусе ги отфрли шпекулациите за мотивот на нападите и рече оти напаѓачот е приведен. Федералното истражно биро води истрага.

Пентагон прогласи состојба на висока претпазливост поради пукотниците.

 

03.08.2021 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега