Путин пресече: Не излажаа, НАТО спрема војна против Русија

На речиси сите телевизиски канали, големи екрани низ улиците на Москва и 20 кино сали во Русија, секако бесплатно, се емитуваше годишното обраќање на Владимир Путин. Тоа се случува на само две недели пред изборите на кои веќе обезбеди победа и нов шестгодишен мандат. Доминираат две теми. Обвинувања дека Западот се обидува да ја уништи Русија и искажување на задоволство од единството на рускиот народ во поддршката за т.н според Путин „специјална воена операција“ во Украина.

„Русија е подготвена за дијалог со Соединетите Американски Држави за прашањата на стратешката стабилност. Но, еве што би сакал да нагласам, драги колеги, за сите правилно да ме разберат. Во овој случај имаме работа со држава чии владејачки кругови преземаат отворени непријателски дејствија против нас. Па што? Тие сериозно ќе разговараат за прашања за стратешка стабилност со нас, а во исто време се обидуваат да и нанесат на Русија, како што самите велат, стратешки пораз во битката““, изјави Путин.

Путин нагласи дека руските нуклеарни сили се во „целосна подготвеност“, велејќи дека војската распоредила моќно ново оружје, некои од нив тестирани на бојното поле во Украина.

„Стратешките нуклеарни сили се во состојба на целосна подготвеност за гарантирана употреба“, рече Путин.

29.02.2024 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега