Работници чистеле канализација – останале шокирани откако пронашле „гигантски стаорец“ (ВИДЕО)

 

Комунални работници во Мексико останале во шок откако отпадот кој канализацијата го исфрлила забележале нешто што на прва изгледа како гигатнски стаорец.

Ова доаѓа по обилните дождови во Мексико сити во текот на минатата недела. Канализацијата се преоптоварила и на површина биле исфрлени 22 тони смет, меѓу кои и огромен глодар, пренесува Њујорк пост.

По првичниот шок на работниците, утврдено било дека станува збор за реквизит за Ноќ на вештерките кој завршил во канализација по една олуја и таму со години бил неоткриен.

Приказната стана вирална, а во меѓувреме се јавила жена по име Евелин Лопез која вели дека таа го направила стаорецот за Ноќта на вештерките. Открила дека „исчезнал пред неколку години“ за време на еден бура и оттогаш не успеала да го најде.

„Ратзила“ е сега на сигурно, иако неговата сопственичка вели дека не знае што ќе прави со него.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега