Ракометарите на Вардар ќе добијат нов тренер

Вардар остана без учество во Лигата на шампиони (ЛШ), па поради тоа тренерот Давид Дејвис си оди од екипата.

Претседателот на клубот Михајло Михајловски откри кој ќе биде нов тренер на Вардар, а тоа е досегашниот помошник Владо Недановски.

„Имаме договор со Дејвис да остане на чело на тимот, но тоа важеше само во случај да играме во Лигата на шампиони. Јас веќе во главата имам соодветна замена, а тоа е Владо Недановски, кој е млад тренер и знае како да го води Вардар“, кажа Михајловски.

27.06.2022 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега