Русите ја гранатираа телевизиската инфраструктура на Харков

 

Руските војници  ја гранатираа телевизиската инфраструктура на Харков, соопшти шефот на регионалната воена управа (ОВА) Олег Синегубов.

Во изјавата објавена на Телеграм, тој наведува дека нема жртви.

„Откако се огласија сирените, вработените се упатија во прифатилиштата. Во моментов има прекин во дигиталниот телевизиски сигнал“, се наведува во соопштението, пренесува Укринформ.

Претходно беше најавено дека денеска во попладневните часови одекнале експлозии во Харков.

Градскиот совет и ОВА изјавија дека руските сили го нападнале инфраструктурниот објект

22.04.2024 - 18:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега