Само еден ред црно чоколадо дневно ќе го подобри вашето здравје

Кога ќе ги дознаете здравствените придобивки кои ги носи редовното консумирање на црно чоколадо, веднаш ќе го ставите  на вашиот распоред за храна, бидејќи конечно ќе можете да уживате во овој раскошен вкус.

Но не се опуштајте премногу, бидејќи не треба да се претерува. Дозволена количина е еден ред чоколадо во текот на денот.

Обично, другите чоколади има големо количество заситени штетни масти, масни киселини, холестерол и шеќер, додека црното чоколадо  содржи какао, мононезаситени масни киселини.

Црното чоколадо, исто така е богато со фитонутринети и флавоноиди кои се заслужни за неговото позитивно влијание.

Одлично е за мозокот, ја подобрува меморијата и концентрацијата. Го намалува крвниот притисок и ја подобрува енергијата. Мастите во какао путерот можат да влијаат на организмот за лачење на ендорфин, хормонот на среќа.

Во секој случај, црното чоколадо е препорачливо за секој човек и не се штедете себеси, денеска дозволете си еден ред задоволство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега