СДСМ: Ако Мицкоски е искрен, нека ја прекине блокадата во Собранието

„Таканаречените концепти на Христијан Мицкоски и ние и јавноста во град Скопје, тендери многу добро ги видовме, тоа се концепти за провизии и тендери и ништо друго. Затоа и впрочем парното во градот Скопје  Владата го презема и скопјани ќе имаат парно.  
Повотруваме дека доколку е искрен Мицкоски нека покаже во Собрание, нека ја прекине блокадата на законодавниот дом во време на криза“. Оваа порака ја испраќаат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.
 
„Нека го поджи законот за градење и уште 50 закони кои токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги имаат блокирано.
Дека Мицкоски нема искрена намера се гледа од фактот што иако на седниците на Економскиот совет секогаш се канат претставници на ВМРО-ДПМНЕ тие не доаѓаат.
 
Економските политики се креираат институционално, во Владата, на Економскиот совет, со учество на сите засегнати страни и таму е местото за носење на одлуките.
Белата палата не е место за решавање туку за создавање проблеми, оваа зграда е синоним за корупција и криминал, олицетворение на криминал од каде произлегуваат сите блокади на штета на државата.
Ова е време за работа, а не за покани за дуели и дебати, за заедништво и за креирање на политки за добробит на сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.
03.10.2022 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега