СДСМ: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, да не измислуваат алиби, да се зафатат со решавање на проблемите или да си одат
Со лажни податоци ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покрие неспособноста на Данела Арсовска, реагира владејачката СДСМ.
Според партијата, Арсовска веќе два месеци не работи ништо.
-Два месеца Арсовска не работи ништо освен што прекинува проекти и разрешува директори на јавни претпријатија. Наместо да работи за интересите на граѓаните, Арсовска работи за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, се однесува неодговорно и нанесува штета на развојот на Скопје. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, да не измислуваат алиби, да се зафатат со решавање на проблемите или да си одат, се вели во реакцијата.
19.12.2021 - 11:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа