СДСМ: Блокадите од Мицкоски за членството во ЕУ се против подобар живот на народот

 

„Блокадите и опструкциите што Мицкоски и ДПМНЕ ги прават против членството во Европската Унија се во спротивност со интересите и потребите на граѓаните. Тие се против подобар животен стандард на народот, посилна економија, подобро владеење на правото, подобра демократија, поголема социјална правда“. Овие пораки ги испраќаат утрово од владејачката СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

Оттаму сметаат дека граѓаните заслужуваат можност за интеграција во Европската Унија, заслужуваат подобар живот и можности за развој и напредок, но не заслужувале, како што наведуваат, да ја плаќаат цената на блокадите на ДПМНЕ.

„Државата е пред историска шанса за членство во ЕУ, унијата јасно стави до знаење дека е подготвена за ново проширување до 2030 година и тоа треба да се искористи сега. Одлуката за уставни измени е единствената задача што треба да се заврши за продолжување на евроинтеграцијата. Блокадите не носат ништо, освен изолација и чекање, уште 11 или 17 изгубени години. СДСМ ќе направи се блокадите на Мицкоски да бидат поразени и да продолжиме по вистинскиот, по европскиот пат, како што тоа го очекуваат 80 отсто од граѓаните“, порачаа од СДСМ.

 

02.09.2023 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега