СДСМ: Драстично намалување на трошоците за брзи кредити, го прекинуваме „должничкото ропство“
„Го прекинуваме т.н. “должничко ропство“. Пратениците од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои законските измени со кои драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити.“-информираат преку соопштение од СДСМ.
-Со усвоиените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот.
Со ова ја прекинуваме праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.-стои во соопштението.
18.07.2023 - 17:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа