СДСМ: ЕУ констатираше дека напредуваме - ВМРО-ДПМНЕ мора да биде поразена

 

Извештајот на Европската комисија е јасен, прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје – констатираат од СДСМ во писмено соопштение утрово.
Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност
Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година за заробена држава, нема мешање во судската власт, нема уназадување.
ЕУ го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан.
Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра.
Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.
Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени – се вели во соопштението на СДСМ

10.11.2023 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега