СДСМ: Ги штитиме граѓаните - ја стабилизиравме инфлацијата
„СДСМ како одговорна партија, која се грижи за граѓаните и нивниот стандард, продолжува со мерките за намалување на цените на прехранбените производи“, велат од владејачката партија преку писмено соопштение испратено до медиумите.
Списокот на производи со „гарантирана цена“ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода и пивото. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените, кои се применувале на 19 септември 2023 година, а во трговијата на големо, се намалуваат за 10%.
„Цената на овошјето и зеленчукот се намалува за околу 30 отсто, со мерката за утврдување на највисока маржа за трговците на големо од 10 отсто и за трговците на мало на 15 отсто. Следува намалување на увозните давачки за свеж зеленчук, ориз, портокали, лимони, мандарини, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост над 10%.
Веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи и тоа за 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава. Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети.
СДСМ со мерките за намалување на цените го штити стандардот на граѓаните и ја стабилизира инфлацијата“, се наведува во соопштението на владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа