СДСМ: Граѓаните избраа напредок

Владејачката СДСМ вели дека граѓаните избрале напредок откако вчера двајцата кандидати за градоначалници на партијата победија на изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа.

-Граѓаните избраа напредок, граѓаните на изборите потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец, кој ја води државата напред. Во овие тешки времиња граѓаните ги препознаа вистинските политики и со големо мнозинство ја дадоа својата доверба на СДСМ и коалицијата, на концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина. Европска Македонија е единствениот апсолутен победник на овие избори, гласи јасната и силна порака од вчерашните избори, се вели во дописот од СДСМ.

21.08.2022 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега