СДСМ: Груевски на црната листа на САД а Мицкоски молчи, затоа што се исти

Никола Груевски, шефот на Христијан Мицкоски и човек кој се уште управува со ВМРО-ДПМНЕ „од сенка“ е ставен на црната листа на Соединетите американски држави.
 

Како што објави Стејт Департментот и како што одамна знаат граѓаните, Груевски е вмешан во коруптивни дела како искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, ја злоупотребил моќта на својата фукција за да бара и зема мито во замена за владини договори, присвојувал државни средства и се мешал во изборните процеси.

 

Покрај Груевски, на оваа црна листа е и неговиот братучед, Сашо Мијалков.

 

Ова е уште една силна потврда за криминалот кој постоел во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Мицкоски молчи затоа што се потполно исти, затоа што таа криминална и режимска матрица и ден денес е присутна во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Дел од клучните луѓе на Груевски и режимот, денес се клучни луѓе на Мицкоски.

 

ВМРО-ДПМНЕ останува единствена партија на криминалот, партија која работи на штета на интересите на граѓаните и државата, соопштија од СДСМ.

 

12.04.2022 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега