СДСМ: Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка

Повеќе судски пресуди и признанија на вина од страна на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како „Титаник“ и „Плацови на Водно“ се потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, односно злосторничко здружение, се наведува во соопштението на СДСМ испратено утрово до медиумите.
 
„Со судски одлуки е потврдено злосторничкото здружување, организираното перење пари, незаконското богатење преку криминални Белизе-шеми, изборните измами, криминализација на изборниот процес.
Шефот на Христијан Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 11 години затвор во само три предмети.  
 
Во периодот додека се правеле овие криминалии, во 2015 година, Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, а пота и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во реакцијата на владејачката партија.
 
Оттаму велат дека ниту Мицкоски, ниту неговата партија не се оградиле од криминалот, не им се извинија на граѓаните, не побарале одговорност. Ниту еднаш.
„После сето ова, после овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери нема друго, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка“, велат од СДСМ.
25.04.2022 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега