СДСМ: Инфлацијата е намалена од 19.8% на 6.6%, мерките на Владата даваат резултат
Мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ за намалување на инфлацијата даваат резултати, тврдат од владејачката партија.
Според СДСМ, инфлацијата има тренд на опаѓање 11 последователни месеци, кој ќе продолжи до крајот на годината.
-Стапката на инфлација е намалена од 19,8% во октомври лани на 6.6 % септември годинава. Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци. И Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација и очекува инфлацијата да продолжи да се намалува годинава и следната година. СДСМ, како одговорна партија продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и за поттикнување на економскиот раст, велат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа