СДСМ: Извештајот на ЕК потврди - ДПМНЕ и Мицкоски се главни кочничари“

 

„Извештајот на Европската комисија потврди: ДПМНЕ и Мицкоски се главни кочничари на европскиот пат и на реформите на земјата“, велат од СДСМ.

„Во извештајот стои поразителната констатација дека главната опозициска партија ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок.

Но, и покрај опструкциите на опозицијата, државата продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство.

Блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски во македонското Собрание треба да бидат поразени заради сите граѓани и заради иднината на земјата“, соопшти СДСМ.

 

10.11.2023 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега