СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните за сите лаги

СДСМ испрати порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и побара да им се извини на граѓаните за сите лаги во изминатиот период.

„Како предводник на антиевроската коалиција го лажеше народот дека претстои асимилација, бугаризација, дека некој ќе ни го земе идентитетот, дека јазикот не ни е заштитен, хушкаше и клеветеше.

Сите невистини му потонаа. Поразени се деструкциите и антиевропските делувања на Мицкоски. Не му успеаја опасните сценарија за дестабилизација на државата и предизвикување етнички конфликти, не успеа да го блокира европскиот пат на државата.

Република Северна Македонија ги започна преговорите за членство во Европската унија, со заштитен јазик, идентитет, култура. Во ЕУ влегуваме како Македонци, со македонски јазик, со чиста формулација без фусноти и ѕвездички.

Европската иднина на државата и на граѓаните е обезбедена“, соопштија од СДСМ.

21.07.2022 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега