СДСМ: Мицкоски измислува нови обиди како нешто да попречи, седницата на ИК е фарса

Откако потонаа сите лаги, манипулации, црни сценарија, обиди да ја закочи европската иднина на државата, Христијан Мицкоски тоне и сака да ја повлече цела држава. Toa СДСМ, заедно со граѓаните нема да му го дозволи. Оваа порака ја испраќаат од СДСМ по завршената седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Граѓаните многу добро знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ бараше референдум и за Договорот од Преспа па потоа го бојкотираше. 
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски собираа потписи и за иницијатива за референдум за пописот, па потоа се откажаа. 
 
Не му се криви граѓаните на Мицкоски што ги лажеше за некаква бугаризација и асимилација која сите видоа дека не постои.
 
Не му се криви граѓаните што нема храброст да признае дека започнавме преговори за членство во ЕУ со заштитенен македонски идентитет и што македонскиот јазик одекна во Брисел.
 
Не му се криви граѓаните на Мицкоски што неговите пратеници не гласаа во Собранието, па сега се обидува да ги вовлекува во неговите анти-европски сценарија.
 
Тоа што се уште не знаат какво прашање да постават пред граѓаните зборува дека ВМРО-ДПМНЕ не знае каде тера, само сака да направи некаква штета и ништо повеќе. Како и досега.
 
Седницата на Извршниот комитет на ВМОР-ДПМНЕ е најобична фарса, таму ништо не се одлучува, само се исполнуваат желбите на Мицкоски.
 
Досега сите лаги на Мицкоски се разобличени, сите негови обиди пропаднати, така ќе биде и овој пат.
 
Референдум против македонски јазик во ЕУ не е потребен. СДСМ нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ“, стои во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите доцна вечерва.
21.07.2022 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега