СДСМ: Мицкоски се лаже ако мисли дека со протести ќе го загрози преговарачкиот процес со ЕУ, граѓаните нема да му дозволат да ја закочи татковината

Очајот и фрустрациите по поразот на изборите кај Христијан Мицкоски од ден на ден се зголемуваат, а последен доказ за тоа се неговите најави за наводни протести наесен иако државата доби нова европска Влада пред само неколку денови, велат од СДСМ како реакција на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека најавите за некакви протести наесен, колку и да се нереални, коинцидираат со времето кога очекуваме почеток на преговорите со ЕУ.

-Ако Мицкоски мисли дека може да го загрози преговарачкиот процес, се излажал, ќе му пропадне и овој обид да ја закочи земјата. Граѓаните го кажаа своето, Мицкоски е поразен, неговите деструктивни политики се поразени, татковината продолжува напред кон ЕУ, со Зоран Заев на чело на Владата којашто ја предводи, велат од СДСМ во реакција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега