СДСМ: Наставата мора да продолжи, преку дијалогот треба да се дојде до решение

Штрајкот е легитимно право на секого, но од прекинувањето на образовниот процес  никој не може да има придобивка. Основните и средните училишта треба да продолжат да работат да примаат и да го организираат воспитно-образовниот процес за учениците и згрижување на децата во градинките.

 
Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Исто така во градинките, процесот на згрижување на децата не смее да се прекинува.
 
Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет.
 
Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%.
 
Целта на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери е преку континуираниот дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско социјален статус.
 

 

Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на  вработените во воспитно-образовниот систем.
10.04.2022 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега