СДСМ: Новата влада составена од одговорни и отчетни кадри ќе работи посветено во наредните четири години

 
Владата предводена од СДСМ е составена од одговорни, професионални отчетни личности подготвени посветено да работат на реализација на програмските определби, велат преку соопштение од СДСМ.
 
Од партијата наведуваат дека сите назначени функционери во Владата имаат обврска да ги исполнат очекувањата на сите граѓани.
 
-Министрите во Владата ќе одржуваат редовна и отворена комуникација со сите граѓани, медиуми и засегнати страни во општеството преку унапредување на каналите за комуникација, вклученост и учество, истовремено почитувајќи го Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции именувани од страна на Владата. Сите функционери да вложат максимални напори, Северна Македонија да биде земја во која граѓаните сакаат да живеат и да придонесуваат за нејзино постојано унапредување. Тоа е и суштината на мандатните писма врачени до министрите, а во кои има јасно утврден план, мисија и задачи за работа- стои во соопѓштението од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега