СДСМ: Пратениците на ДПМНЕ не гласаа за укинување на каматите и трошоците за брзите кредити

 

 

„ДПМНЕ повторно покажаа дека воопшто не им е грижа за граѓаните и за нивниот стандард“, велат СДСМ во денешното соопштение.

-Пратениците на ДПМНЕ во собранието не гласаа за законските решенија за укинување на каматите и трошоците за брзите кредити. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за извршување и на Законот за облигациони односи, што стави крај на огромните каматни стапки и должничкото ропство во кое беа заглавени илјадници граѓани, велат од СДСМ.

Како што се вели во соопштението, каматата повеќе нема да смее да го надминува износот на главниот долг, нема повеќе ситуации каде за долг од 1.000 се враќа и до 10.000 денари. Се регулираат и таканаречените брзи кредити, каде трошоците не можат да бидат повисоки од 60 отсто од износот на кредитот. Прекината е праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.

22.07.2023 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега